Методија Столески и Алфа бенд промовираа три кавер-верзии на македонски песни

- Забава
849

Фолк пејачот од Струга, Методија Столески во соработка со ,,Алфа бенд“ реализира проект во чии рамки обработува неколку македонски песни. Првата песна со наслов ,,Љубовен танц“ беше промовирана на 7-ми јануари, втората песна ,,Леле Јано“ Столески на публиката и ја претстави на 13-ти јануари, а неодамна излезе и третиот кавер на песната ,,Маре, маре, мори бела Маре“.

Во изминатиов период Методија беше вклучен во проектот ,,Нови млади“ како гостин за поддршка на младите кои ја негуваат македонската музика.

Што се однесува до неговата кариера, во февруари Методија ќе настапи на фестивалот ,,Гоце- Песната се вика ,,Крв македонска“, текстот е на Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот на Цане Петров.

Facebook Коментари