На „Си Стар“ доаѓаат најголемите титани на електронската сцена Свен Ват и Нина Кравиц!

- Забава
558

Хрватскиот „Си Стар“ (Sea Star) фестивал во своето најмоќно издание досега, годинава ќе ги претстави пред публиката своите адути во неколку бранови, во наредните недели, додека денеска ја претставува програмата предводена од две гигантски имиња од светската електронска сцена! Својот настап во лагуната Стела Марис во Умаг, го потрвди човекот кој ја создаде музичката историја, трикратен добитник на наградата за најдобар светски ди-џеј, еден од татковците на техно движењето, големиот и неповторлив Свен Ват, а со него доаѓа апсолутната предводничка на современиот електронски звук, харизматичната и уникатна Нина Кравиц! Додека Папа Свен, како што го нарекуваат сите фанови и почитувачи, е некој кој стои како симбол на европскиот денс звук и некрунисан крал на Ибица чии „Cocoon“ забави ги следиме рекордни 20 сезони, актуелниот момент никој не го дефинира подобро од Нина Кравиц, веројатно една од најбараните ди-џејки на денешницата и главен хедлајнер на најголемите светски музички фестивали. Нина претходните две години го одбележа и ЕГЗИТ фестивал, настапувајќи во најпрестижната временска секвенца за затворање на легендарната Денс Арена за време на која десетици илјади луѓе не дозволуваа таа да се симне од сцената, извикувајќи го нејзиното име. Атмосфера како на стадионските рок концерти, која дотогаш не беше евидентирана во електронската музика!

Заедно со Нина и Свен настапот го потврди и добитникот на наградата за најдобар светски ди-џеј во 2018 година, Иларио Аликанте кој во меѓувреме се вивна меѓу главните ѕвезди на најголемите фестивали. Благодарејќи на оваа тројка, но и на спектакуларната продукција од главните бини на ЕГЗИТ фестивалот, духот на светски познатата Денс Арена од Егзит ќе се материјализира на 24-ти мај на импресивниот стејџ Адико Тесла на главната сцена на „Си Стар“ во единствен спој на историјата, сегашноста и иднината на електронската музика.

Си Стар Фестивалдоаѓаат најголемите титани на електронската сцена.

Подеднакво возбудливо ќе биде и утредента на соседната Наутилус Арена и амфитеатарот во кој се одигруваат тениските АТП турнири, а кој сега ќе биде исполнет со селекција од странски и домашни музички ведети. Ултимативна ѕвезда на вечерта е Енрико Сангуилано, најпродаваниот техно изведувач на Битпорт во 2016 година кој оттогаш молскавично се прослави и денеска заедно со Аликанте се смета за еден од предводниците на новата генерација техно првенци.

Третото издание на „Си Стар“ ќе се одржи во фамозната лагуна Стела Марис во Умаг, на 24-ти и 25-ти мај, а веќе се во продажба и влезниците по промотивна цена, од само 1999 денари, што е 50% попуст во однос на финалната цена!

Strugaonline

 

Facebook Коментари