Владимир Четкар вечерва настапува на меѓународниот џез-фестивал во Прилеп

- Забава
812

Oд вечерва  до сабота, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 7- от меѓународен џез фестивал. Фестивалот годинава нуди богата програма,а меѓу изведувачите е и познатиот виртуоз на гитара и сестран музичар, Владимир Василески – Четкар.

На отворањето на прилепскиот џез фестивал,вечерва на камерната сцена при  ЦК „Марко Цепенков“ ќе настапи „Кеко Форнарели Трио“ од Италија, а првата фестивалска вечер ќе продолжи на летната сцена од центарот за култура, со настапот на скопската група „Фиарс“ и на познатиот македонски џез музичар, Владимир Четкар.

Во петок 31 август, на втората феситвалска вечер  публиката ќе  ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов.

Последниот фестивалски ден е резервиран за Јаков Дренковски,  „Ле Бал Пури“ од Франција  и српската група „Деца Лоших Музичара“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари