Заврши љубовната приказна на хрватските штркови Клепетан и Малена

- Занимливо
898

Приказната за големата љубов на хрватските штркови Клепетан и Малена која со години се негуваше и привлече големо внимание во повеќе земји од регинов, за жал заврши. Сите претходни години Клепетан се враќаше кај Малена на 24-март, но оваа година тоа го направи порано, за да се збогува.

Пензионираниот Стјепан, кој триесет години се грижи за Малена, за хрватските медиуми објасни дека Клепетан дошол во гнездото на Малена  стар и болен.

Четири од птиците дојдоа кај мајката и 3-4 часа тажно седеа. Тогаш знаев дека Клепо отишол да почине. Знаете како велат, птиците умираат пеејќи.“-изјавил Стјепан за хрватските медиуми

Љубовната приказна за Клепетан и Малена беше објавена и на The Dodo, познат сајт кој објавува интересни приказни од животинскиот свет, а на Балканот се следеше со голем интерес, сите го чекаа 24-ти март за да го проследат пристигнувањето на Клепетан.

Facebook Коментари