Синоќа беа доделени „Греми“ наградите – ова се најуспешните музички sвезди

- Забава
281

Синоќа во Лос Анџелес беа доделени најпрестижните музички награди „Греми“ на кои  sвезди на вечерта беа  Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага.

Споменатите изведувачи се закитија со најмногу статуетки. Посебен успех постигна Карди Б  која испиша историја со тоа што стана првата жена која успеала да освои Греми награда за најдобар рап албум „Invasion Of Privacy“ . Четири златни грамофоини и награда за албум на годината доби  Кејси Масгрејвс за „Golden Hour“. Вистинска sвезда беше и Лејди Гага која беше наградена во кетегориите: најдобар поп дует за песната „Shallow“ која ја испеа со Бредли Купер во филмот „Ѕвездата е родена“, најдобра соло изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin’?“ и најдобра песна напишана за визуелни медиуми. За „Песна на годината“ беше прогласена „This is America“  од  Доналд Гловер и Лудвиг Горансон.  Наградата за најдобар нов изведувач доби Дуа Липа.

Наградата за најдобар поп-албум ја доби Аријана Гранде (за албумот „Sweetener“).  Помеѓу наградените во други популарни категории се најдоа и : Силк Сити, Дуа Липа, Дипло и Марк Ронсон; Дрејк; Кендрик Ламар, Џеј Рок, Фјучр , Џејмс Блејк и други.

фото: Billboard/EPA

 

Facebook Коментари