Денеска, 20 март, се одбележува Светскиот ден на среќата. Генералното собрание на Обединетите Нации, на 28-ми јуни 2012 година усвои Резолуција со која беше одлучено дваесеттиот ден од месецот март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет и во окја се вели дека стремежот кон среќа и благосостојба е основно право на човекот.
Според документот, среќата треба да биде цел на државната политика и да стане компонента на покомплексен, поправеден и балансиран економски раст, што пак, значи постојан развој, искоренување на сиромаштијата и обезбедување среќа.
Идејата за Денот на среќата потекна од Бутан, каде со цел пресметување и подигнување на нивото на благосостојба на нацијата, во 1972 беше воведен показателот бруто национална среќа.
Според тогашниот бутански крал Џигме Сингај Вангчук, стандардните макроекономски показатели не може прецизно да го одразат нивото на благосостојба во земјата.
Бруто националната среќа се пресметува по специјален метод врз основа на показатели, како што се ефективноста на власта, социјална правда, грижа за околината, негување на културното и духовно наследство.
Од февруари 2016, во Обединетите Арапски Емирати е воведена функцијата државен министер за среќа, а од јануари 2017 и во индиската сојузна држава Мадхија Прадеш.
Facebook Коментари