Предлог книга за оваа недела: „Збогум најмила“ од Кристин Хана

- Занимливо
2098

Доколку оваа недела после работното време сакате да уживате во одлична книга полна со емоции ви ја препорачуваме „Збогум најмила“ од авторката Кристин Хана.

Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.

 

Facebook Коментари