Ребека Шерокс памети се од првиот ден од својот живот – на памет ги знае сите седум Хари Потер – книги

- Занимливо
1014

26 годишната Ребека Шерокс од австралискиот град Бизбејн, памети се што правела од првиот ден од нејзиниот живот.

Ваквата појава се објаснува преку синдромот наречен – Супериорно автобиографско паметење, што значи дека Ребека го памети секој момент од својот живот до најситни детали. Се сеќава што носела на точно одреден ден пред 20 години, го памети и распоредот на нешта кои ги видела тој ден. Нема проблеми ниту со датумите, ги памети сите родендени.

„Се што гледам, ме враќа во минатото. Во главата имам звуци од години наназад.  Можам да се сетам на мирисот и бојата на нештата…Го паметам секој збор од книгите кои до сега ги имам прочитано. Голем фан сум на Хари Потер и сите седум делови ги знам на памет. – истакнува Ребека, која исто така додава дека е како движечки атлас затоа што картите од сите земији ги знае напамет.

Ребека нема фотогравско помнење,туку има сила одново да ги собира сите делови од минатото, на тој начин до најситни детали памти и добри и лоши спомени, нема правила.

Нејзиниот синдром има и лоши страни. Дека памети буквално се открила кога лекарите и соопштиле дека боледува од аутизам, опсесивно – компулсивно пореметување и анксиозност.

Во детството била жртва на насилство од страна на врсниците , на таа физичка и психичка болка денеска се сеќава како првиот ден.

„Моето краткорочно памтење е прилично лошо. Откако ќе поминат неколку дена, информациите ми се складираат и потоа се сеќавам до крајот на животот.“ – објаснува Ребека

Ребека моментално пишува блог, одржува своја Фејсбук страница и секојдневно разговара со психолози за својата состојба. Многу лекари ја повикуваат да им помага на пациенти кои ја изгубиле меморијата.

Facebook Коментари