Мажи во Саудиска Арабија се разведуваат ако жената ги фати за рака

- Занимливо
1105

Саудискиот весник „Ватан“ состави список од најчудните причини поради кои паровите во Саудиска Арабија (најчесто мажите)  одлучуваат да се разведат.

Како што пишува весникот, маж во Саудиска Арабија одлучил да поднесе документи за развод откако неговата сопруга одела пред него, а ја замолил по учица да се движи зад него. Друг маж сметал дека треба да ја остави својата жена бидејќи носела украси на своите нозе. По мислење на многумина, најнеоснованата причина за развод е држењето за рака, некои припадници на посилниот пол се згрозувале кога жената сакала да ги фати за рака, и одлучувале да се разведат од неа.

Hamud el Hamri, стручно лице за брачни односи од Саудиска Арабија наведува дека порано во кралството не постоеле разводи од вакви причини бидејќи не постоеле противречности помеѓу традицијата и развојот на општеството во современ облик.

Во последниве години, бројот на разводи во Саудиска Арабија се зголемил за 20%

Facebook Коментари