Кривична пријава заработи 23-годишно момче поради казниво дело ,,загрозување на сигурноста”

- Хроника
839

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М. (23) од струшкото село Франгово.

Пријавениот, казненото дело го сторил на  десетти јуни годинава во 22 часот и 30 минути во ноќен клуб во Охрид. Откако дознал дека  неговата поранешна девојка со друштво се наоѓа во ноќниот клуб, Е.М. пристигнал во угостителскиот објект и  се упатил кон масата каде се наоѓала девојката. Видно револтиран и со агресивно однесување, тој на висок тон и упатил низа  навредливи зборови но и сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај оштетената девојка и кај другите присутни. По кратко време, сега пријавениот заминал по што продолжил да и се заканува со смс пораки на нејзиниот мобилен телефон.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари