На 29-ти април по четврти пат Танц парада ,,Струга танцува“

По повод Светскиот ден на танцот, во организација на Балетското студио БАХ, во понеделник, 29-ти април со почеток во 15: 00 часот, во Паркот на поезијата во Струга  ќе се одржи четвртото издание на Танц парадата ,,Струга танцува.“

Балтското студио ,,БАХ“ оваа година слави 30 години постоење. Во оваа значајна година за нив, го најавивме и годишниот концерт, што во јуни ќе се одржи во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга. Нема да биде концерт на каков што сте навикнати секоја година, затоа што  Баховки на спектакуларен начин ќе одбележат 30 години постоење.

На овие теми детално зборувавме со Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц ,,БАХ“ , Анастасија Мојсоска, член на студиото за танц 18 години и Анамарија Калајџиеска член на Балетското студио ,,БАХ“ осум години.

Разговорот можете да го проследите на следниов линк:

Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари