Кривична пријава заработи лице од с. Лескоец – предизвикал сообраќајка кај „Еуротел“

- Хроника
765

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Ч.(75) од охридското село Лескоец.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година во 14 часот и 30 минути, предизвикувајќи сообраќајна незгода на крстосницата од магистралниот пат Подмољје-Ќафасан, со локалниот пат за селото Мислешево и локалниот пат за „Еуротел“.

Сообраќајната незгода е случена поради неотстапување првенство на минување од страна на сега пријавениот кој управувал патничко моторно возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски таблици.  Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Н.Е. од Ресен, сопатникот во патнички автомобил марка „Пежо“. Таа веднаш  била префрлена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари