ЛТХ Леарница вработува: Стручен соработник во човечки ресурси

LTH Castings – ЛТХ Леарница вработува:

Стручен соработник во човечки ресурси

 

Потребни квалификации:

  • Диплома на завршено образование (Човечки ресурси, Бизнис администрација, Правен, Економски или други области ако се поткрепени со соодветно искуство во областа на човечките ресурси)
  • Познавање на законите за вработување, трудовите закони и законските барања од областа
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач

       Потребни вештини:

  • Одлични пишани и вербални комуникациски вештини на македонски, српско-хрватски и англиски јазик.
  • Одлични интерперсонални вештини за справување со сензитивни и конфликтни ситуации, тактички, професионално и непристрасно. Способност за изградба и одржување на позитивни односи со вработените, менаџментот и надворешните заинтересирани страни.
  • Силни организациски и вештини за управување со време.
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакетот.
  • Умешност при учење и користење нови дигитални алатки.
  1. Административна поддршка
  • Ведење на актуални и возобновување на персонални досија,обезбедување на точност и комплетност на досијата на вработените и базите на податоци.
  • Одржување и ажурирање на записи за вработените, вклучувајќи лични информации, архивски документиран матерјал
  • Поддршка во администрацијата на програмите за бенефициите за вработените, како што се здравствено осигурување и пензиски планови.
  • Помагање на вработените во случај на барања поврзани со бенефициите и олеснување на процесот на пријавување за бенефициите.
  • Административна поддршка на ХР одделот и менаџментот, вклучувајќи управување на телефонски повици, закажување на средби и менаџирање на календари.
  • Припремање и дистрибуција на ХР поврзани документи, кореспонденција и извештаи.
  • Помагање во обезбедувањето на согласност со законите за вработување и регулативите.
  • Имплементација и комуникација на ХР политики и процедури кон вработените.
  1. Управување со конфликти и решавање на проблеми:
  • Адресирање на прашања и конфликти кај вработените, и насочувње на прашања кон ХР менаџмент каде е потребно
    • Модерација во случај на непоразбирања или проблеми.
  1. Комуникација и соработка:
    • Комуникација со вработените во врска со политики и процедури.
    • Соработка со други оддели во организацијата за целосна интеграција на ХР стратегиите.
    • Дистрибуција на внатрешни ХР поврзани комуникации и ажурирања
    • Дијалог со синдикатите или представниците на вработените за решавање на прашања на работни услови.
    • Обезбедување на ефикасна интерна комуникација, особено во периоди на промени или кризи.
  2. Пријави и одјави:
    • Поддршка во регрутација и координација на на процесот
    • Комуникација со кандидатите за деталите на интервјуата.
    • Помош во процесот на интеграција на новите вработени, спроведување на ориентација за нововработени, вклучувајќи пополнување на документација и ориентација
    • Обезбедување на потребните ресурси и информации за успешна интеграција и ориентација.
    • Известување, процесирање, поддршка во одјавата и трансферите на вработени
  1. ХР Софтвер и Системи:
  • Користење на ХР системи на податоци, внес, обработка, генерирање извештаи, поврзување податоци, анализа според потреби, соработка со ИТ службите

Во зависност од потребите важно е кандидатот да биде флексибилен и да се адаптира на различни сценарија:

Кризен менаџмент:

Справување со непредвидени ситуации како што се природни катастрофи или неочекувани проблеми во работата.

Спроведување на истражувања:

Испитување на случувања на работно место, вклучувајќи преглед на жалби, недисциплински случаи или други аспекти на управување со вработените.

Проекти за задоволство на вработените:

Реализација на истражувања за задоволство на вработените и предлагање на подобрувања врз основа на добиените резултати.

Спроведување на тимски активности:

Организирање на дружења и активности за зголемување на тимската соработка и мотивација.

Учество во кампањи за подигнување на свеста кај вработените:

Неопходно за промоција на здравјето и безбедноста, подобрување на продуктивноста, и поддршка на задоволството на вработените

ВАЖНО!

  • Одржување на доверливост и обработка на чувствителни ХР информации соодветно
  • Подготвен да почне со работа на 01/04/2024.

Услови за работа:

Работа на локација само претпладне / 40h неделно / 8 h дневно / носење заштитна опрема

Покрај основното нудиме и:

  • Бонуси за работна успешност
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Развој на ниво на групација
  • Сигурност во вработувањето
  • Топол оброк

Заинтересираните кандидати треба да достават своја биографија и мотивационо писмо на [email protected].  Ве молиме внесете „Апликација за човечки ресурси“ во темата. Крајниот рок за аплицирање е 10.03.2024.

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности за сите и ги охрабрува заинтересираните да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Ви благодариме што размислувате за кариера со нас!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120  дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

www.lthcastings.com

Facebook Коментари