Лука Модриќ е најдобриот фудбалер на светот за изминатата година

- Спорт
615

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер во светот за минатата година  во изборот на ФИФА. Тој ја доби наградата „The Best“, во конкуренција на Кристијано Роналдо и на Мохамед Салах.  Модриќ со Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Хрватска стигна до финалето на Мундијалот во Русија.

На овој начин, Модриќ ја прекина доминацијата која изминативе години ја имаа Меси и Роналдо кога станува збор за наградата „The Best“.

Strugaonline

Facebook Коментари