Норвешка прв полуфиналист на ракометниот Мундијал во Франција

- Спорт
832

norway

Репрезентацијата на Норвешка ја совлада Унгарија 31:28 (17:10) во првиот четвртфинален натпревар на 25-то Светско првенство во ракомет. Норвешка во своето прво мундијалско полуфинале во историјата ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Шпанија и Хрватска.

Норвешките ракометари кои во претходната фаза ја елиминираа Македонија, со импресивна игра, иако конечниот резултат не го покажува тоа, изборија пласман меѓу најдобрите четири екипи на Светското првенство, кое на 29.јануари ќе заврши во Франција.

Facebook Коментари