Билтен на СВР Охрид

- Локални, Хроника
391

На 09.12.2023 година околу 23.00 часот, на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, три лица физички го нападнале К.Н.(32) од Охрид. По целосно расчистување на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.12.2023 година во 17.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Горни Друм”, атар на охридското село Свињишта, со повреда од куршум во потколеницата се здобил Р.Ј.(61) од Охрид, кој бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 09/10.12.2023 година од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид- 04, Струга- 01, Кичево- 06). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 08.12.2023 година во 19.40 часот, на улицата „Партизанска” во Струга, лишен е од слобода Ќ.А.(27) од струшкото село Калишта. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа растителна материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.12.2023 година во 02.55 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е А.Т.(33) од охридското село Пештани. Тој е затекнат при употреба на кокаин,  а при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.12.2023 година во 17.00 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(40) од охридското село Пештани. Тој, претходно во атарот на истото село е затекнат по извршено кривично дело „незаконит риболов”, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат. За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари