Code & Cocktails овојпат во Струга!

- Забава, Локални
742

Code & Cocktails е отворен настан наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со Академијата за програмирање (SEDC CODE ACADEMY), која од октомври оваа година, за прв пат ќе стартува во Охрид!
Настанот се одвива во опуштена летна атмосфера со коктел понуда од кафе Пливалиште и гратис коктели за првите 20 пријавени лица! 😉

Ова е програмата по која ќе се одвива настанот:

18:00ч. – 18:30ч.
Презентација на програмата од Академијата за програмирање во Охрид

18:30ч. – 19:00ч.
Отворена дискусија и размена на личните искуства со програмерите од Seavus:
• Орце Петрески, Technical Lead во Seavus и координатор на Академијата за програмирање
• Игор Наумоски, Senior Developer во Seavus
• Иван Златевски, Junior Developer во Seavus и претходен студент на SEDC Code Academy

19:00ч. – 19:30ч.
#SpeedChallenge – тестирање за полу-стипендија!
(Овој дел е наменет за сите оние кои сакаат да бидат дел од првата генерација на Академијата за програмирање во Охрид).

Тестот е електронски и се пополнува преку мобилен телефон. Пристапот до тестот ќе биде објаснат на самиот настан и за истиот не е потребна претходна регистрација. Прашањата се на англиски јазик и се со понудени одговори. Истите се општи и логички од делот на програмирањето како област. Кандидатот со најмногу точни одговори и најбрзо решавање на тестот ќе добие една полу-стипендија за SEDC Code Academy in Ohrid!

19:30ч. – 20:00ч.
Прогласување на победникот од Speed Challenge!
Networking и коктел дружење!!

Пријавувањето е бесплатно со регистрација на следниов линк:
https://goo.gl/i167BK

Повеќе информации на:
078 499 462 • 02 3097 404
[email protected]

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари