Дебата за граѓанска вклученост во медиумската саморегулација во среда во Охрид

- Локални
651

„Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“ е тема на дебатата што ја организира Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во среда, на 28-ми ноември, со почеток во 11:00 часот, во хотел „Милениум“ во Охрид.

Претставниците на СЕММ кои ќе учествуваат на дебатата ќе дискутираат за улогата и значењето на граѓанската вклученост во поддршката и унапредување на работата на телото за саморегулација во медиумите. Ќе бидат претставени механизмите за учество на јавноста во работата на СЕММ и ќе се дискутира за можностите за идно поврзување и соработка.

СЕММ е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми во 2014 година. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до медиумите кога ќе се почувствува некаква повреда на стандардите на професионално и објективно известување.

извор: СЕММ

фото: архива

Facebook Коментари