Ѓоко Котески: Време е да се организира елитно младинско натпреварување

Од 8-ми до 10-ти септември, во организација на Шаховска школа Струга, во нашиот град ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот шаховски младински фестивал „Езерска кралица 2023“. Оваа година ќе учествуваат шеесет и четворица шахисти на возраст од 8 до 18 години, од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Украина. Деталите ги дознавме од Ѓоко Котески од Младинската шаховска школа Струга. Освен најавата на овој шаховски фестивал, Котески ги истакна двете главни поенти, потенцирајќи дека е време да се организира елитно младинско натпреварување, а јавноста со ентузијазам ја информираше дека започнува создавањето на огромна Унија на Европски младински клубови. Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк:

Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари