Граѓанската иницијатива „Доста“ повикува на протест за трајно решавање на проблемот со депонијата

- Локални
1103

Откако се изврши целосно гаснење на депонијата која предизвика огромно загадување на воздухот во Струга и околината, Граѓанската иницијатива „Доста“ најави нов протест. Од таму велат дека гаснењето на депонијата е краткотрајно решение на проблемот на Стружани.

Бараме решение на подолг рок. Доколку не се дислоцира депонијата, односно не се определи локација за безбедно одлагање на градскиот отпад за брзо време ќе се соочиме со истиот проблем. Заради тоа ве повикуваме на протест со кој ќе побараме долготрајно решение на проблемот со струшката дива депонија.“ – стои во соопштението.

Протестот ќе се одржи во среда со почеток во 18:00 часот кај раскрсницата помеѓу ул. Маршал Тито и ул. Пролетерски бригади – кај поранешно „Тобако“, Струга

Извор: Strugaoonline

 

 

Facebook Коментари