Во денешното издание на емисијата Плеј кафе имавме двајца млади шампиони кои имаат по девет години и на кои Струга треба да биде горда. Станува збор за Јован Кутаноски и Софија Кутаноска- и двајцата се Балкански прваци во акватлон односно победници на Балканското првенство што во септември се одржа во Бар, Црна Гора.
Јован Кутаноски на три години го заврши првиот триатлон и е најмалото дете кое некогаш завршило триатлон со помош на родител и дозвола на судиите. Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на Меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија. Тој е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Софија Кутаноска е Вице- првак во Триатлон во категорија девојчиња до девет години, државен првак во акватлон во категорија до девет години и велосипедизам во категорија У13. Има Меѓународни настапи, од кои најзначајни се во Ротх Германија, каде има освоено трето место ,второ место во Риека, Хрватска –Акватлон, и прво место на Балканскотото првенство во Бар.
Целиот разговор можете да го проследите на следниов ЛИНК
Извор и фото: Play radio
Facebook Коментари