КК,,Црн Дрим“ и ЖКК ,,Струга 2009 “ реализираа кошаркарски камп во Црна Гора

- Локални, Спорт
245
КК,,Црн Дрим“ и ЖКК ,,Струга 2009“ заедно со четриесет и пет деца реализираа кошаркарски камп во Чајн, Црна Гора.
Машката екипа одигра пријателски наптревари со КК ,,Сутоморе“ и КК ,,Антивари“ од Бар, со тимот ,,Антивари“ играа и девојчињата кои исто така учествуваа на кошаркарскиот турнир ,,Ladies cup Tivat summer 2023“ во Тиват.
,,Целта на ваквите кампови е децата да ги поправат и подобрат техничко-тактичките елементи, да играат со екипи од странство, а пред се’, да се дружат и да видат други земји, овој пат видоа голем дел од црногорското приморје“-изјави за Strugaonline тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.
За време на кампот, струшките кошаркари и кошаркарки ги посетија Сутоморе, Бар, Петровец, Будва, Тиват, Островот Хаваји и Краљичина плажа.
Strugaonline

Facebook Коментари