Лице од Лабуништа починало по пад од висина при изведба на градежни работи

- Локални, Хроника
749

На 28-ми декември 2019 гoдина, околу 13:00 часот, во Полициското одделение во Велешта, пријавено е дека во Медицинскиот центар во Вевчани, со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот М.М. од струшкото село Лабуништа.

– Поради сериозни повреди, тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, а потоа, со медицинско возило бил транспортиран за Ургентен центар во Скопје. Во тек на транспортот, тој им подлегнал на повредите. По преземени мерки, утврдено е дека М.М. изведувал градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа, при што паднал од висина. По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција и притоа, не се утврдени траги на насилство, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: aрхива

Facebook Коментари