Лука Симоноски најдобар во категорија до 10 години на најмасовното шаховско натпреварување во регионот

- Локални, Спорт
375

Младиот и талентиран шахист од Струга, Лука Симоноски постигна одличен успех на две натпреварувања овој месец. Минатиот викенд на шаховскиот турнир ,,Prilep Open“ оствари 3 победи од 9 кола. Вчера на турнирот ,,Аlkaloid Open“ во Скопје постигна три победи и две реми од вкупно девет кола, а беше и најдобар во категорија до 10 години.

Медалот за најдобар до 10 години Лука го освои на најмасовниот натпревар во регионот со учество на 227 играчи од Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Косово и Германија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари