Малиот Марко Пејчиновски денеска плива од Свети Наум до Охрид – прочитајте ја приказната за големиот херој

- Локални, Спорт
1392

Денеска е голем ден за малиот но голем херој Марко Пејчиновски од Охрид кој има само 12 години, a здравствените проблеми нема да го спречат да реализира огромен подвиг, да преплива 30 километри на маратонската патека од Св. Наум до Охрид.

Инфаркт на коска на долните екстремитети не е дијагноза која е посилна од соништата на Марко. Токму на денешниот голем празник, Голема Богородица, Марко започна со пливање во 9:00 часот утрово, а на целта се очекува да стигне за околу девет до десет часа.

За овој пливачки подвиг Марко се подготвувал една година.

Strugaonline

Фото: архива

 

 

 

Facebook Коментари