Марко Пејчиноски од Охрид е момчето-херој кое покажа дека мотивацијата е главен фактор за успех!

- Локални
1349

Maрко Пејчиноски од Охрид е 12-годишно момче кое сосема заслужено секогаш ќе го носи епитетот – херој на нашето време. И покрај здравствените проблеми Марко храбро и решително го оствари својот сон и ја преплива маратонската патека долга 30 километри од Св. Наум до Охрид. За својот подвиг Марко го избра токму големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Со пливање започна вчера наутро во 09:00 часот, а на целта каде го чекаше голема група граѓани пристигна околу 18:20 часот. Неговиот успех предизвика воодушевување во цела Македонија.

Strugaonline

Фото: Зоран Тодоровски

 

Facebook Коментари