Мицкоски на 2-ри август на прослава во струшко Ташмаруништа

- Локални
1209

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ како што брифираат од партијата за „Курир“ , за Илинден ќе присуствува на традиционалниот народен собир во Ташмаруништа Струшко.

Таму традиционално ќе се одржи 70-та Културна манифестација Илинден со која се чествува верскиот и државен празник на 2 август.
Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание.

Всушност и непосреден повод за почетокот на ова одбележување, и за самото основање на Културната Манифестација „ИЛИНДЕН“ се настаните кои се одиграле во овој регион, при што битката кај селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание, во кое учествувале четите од с.Ложани и с.Драслајца, и кои се едни од најзначајните операции.

Одбележувањето на 2 август во Ташмаруништа ќе биде прославено со повеќедневни активности, каде најчесто се собираат граѓани од целиот струшко охридски регион, како и македонски иселеници.

Извор: kurir.mk

Facebook Коментари