На 20-ти мај ,,Боград детска трка за ретките деца“ во рамки на ,,Трка на поезијата“

- Локални, Спорт
344
Овогодишното издание на детската трка во рамки на ,,Трка на поезијата“  добива и уникатно име, поддржано од  верниот покровител на манифестацијата  од самиот почеток на овој настан.
Детската трка годинава ќе биде посветена на децата со ретки болести.
,,Хотел Боград како генерален покровител на детската трка заедно со нас и здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид кои максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести. Оваа година еден ден пред главниот настан на 20.05.2023 година во сабота со почеток во 18:00 часот дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.,, -информираат организаторите.
Оваа година ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)
* Секое дете ќе си добие официјална маица посветена на трката и финишер медал.
* Покрај натпреварувачкиот карактер во трчање ќе има и забавни точки кои што ќе можат да се забавуваат дечињата.
* Пријавувањето ќе може да го направите на www.poetryrun.mk И истото е ограничено на 250 дечиња а ќе трае до 5. ти мај.

Facebook Коментари