На ТАШ-МА 2011 – Струга ќе му биде одземена концесијата ако не ја пориби Глобочица

- Локални
544

На Здружението на спортски риболовци ТАШ-МА 2011 – Струга ќе му биде одземена концесијата ако не ја пориби акумулацијата Глобочица со количината риба според потпишаниот Договор и во дефинираниот краен рок.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ТАШ-МА 2011-Струга на 29 септември 2014 година има склучено Договор за концесија на риби за организирање рекреативен риболов на рекреативна зона акумулација Глобочица. Но, при проверката во 2016 година е констатирано неисполнување на обврските, бидејќи иако бил задолжен да ја пориби Глобочица со 600 килограми крап и со 320 килограми пастрмка, концесионерот лани порибил само 100 килограми пастрмка.

– Имајќи ги предвид констатираните пропусти, Државниот инспекторат на 6 декември 2016 година издаде  решение со кое ЗСР ТАШ-МА 2011-Струга се задолжува да ја пориби Глобочица со количината риба согласно договорот. По однос на новото задолжување, ЗСР ТАШ-МА 2011 – Струга има доставено барање за продолжување  на рокот за постапување по решението од декември 2016 година, со образложение дека поради лошите временски услови во зимските месеци не се во можност да набават подмладок од крап и пастрмка, земајќи го предвид податокот дека мрестот на пастрмката трае во овие месеци, информира Министерството.

Постапката по ова барање на концесионерот е во тек, а по завршувањето на роковите од решението, ќе се постапи согласно Законот за рибарство и аквакултура, каде што е предвидено и одземање на концесијата.

Извор: Сител ТВ

Facebook Коментари