Никола Кутаноски и Димитар Јованоски повторно заедно на пиедестал

- Локални, Спорт
924

Никола Кутаноски и Димитар Јованоски повторно се заедно на пиедестал. Јованоски освои прво, а неговиот тренер Кутаноски трето место на државното првенство на Косово, а воедно и отворено првенство во триатлон.

,,Оваа трка требаше да биде една од полесните и да служи за зачувување на кондицијата и одржувањето на ритамот. Ги познававме натпреварувачите од претходни трки и мислевме дека ќе биде лесно, но се испостави дека трката беше многу силна и тензична.Димитар го освои првото место во sprint finish, тој е мојот одличен ученик, најдобар триатлонец во последниве три години. Toj ми помогна на велосипед меѓутоа имав несреќа и го изгубив чипот на два пати. Со тоа ни се искомплицираа работите во текот на трката и мораше да се вратам да застанам, па да продолжам, a  Димитар беше  напред и одлично се справуваше со противникот . Ова е за мене прв подиум после операциите на препоните пред  седум месеци..Благодарение на Диди, се надевам дека ќе продолжиме со истиот ритам како пред три години. Огромна благодардност и до хирургот Д-р Никола Дуни за се што направи за мене да се вратам на патеките. Сега ни следува голем одмор пред Европскиот куп во Турција од 28- ми јули до 1 -август. – изјави Никола Кутаноски.

Strugaonline

 

Facebook Коментари