Охриѓанец освои 218.270 денари во рамките на 9-то коло на Ново Лото 7/34

- Занимливо, Локални
2253

Деветото коло на НовоЛото 7/34 одржано на 30.01.2019 година донесе добивка од 6 погодоци вредна 218.270,00 денари . Добитната комбинација е уплатена во Охрид, во продажното место Владија. Љубен Крстеноски од Охрид е среќниот добитник на оваа добивка. Тој денес ја посети Благајната на Државна лотарија на Македонија, ја подигна својата добивка, а за порталот фактор.мк ја раскажа својата среќна приказна

Г-нот Љубен повеќе од 20 години ги игра истите среќни броеви, а до сега само неколку пати имал помали добивки. Ова е првата поголема добивка која му донесе 218.270 денари и која ќе ја искористи во кругот на семејството.

извор: фактор.мк

фото: фактор.мк

Facebook Коментари