Oхриѓанец заработи кривична пријава – ја влечел сопругата и и се заканувал

- Локални, Хроника
909

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишниот Г.Т. од Охрид.

–  Казненото дело тој го сторил на 16-ти минатиот месец во 20:30 часот во семејниот дом во Охрид со вербална расправија со неговата сопруга. Притоа, сега пријавениот и упатил сериозни закани и навредливи зборови по што започнал да ја влече и заедно со малолетните деца да ја брка од станот, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари