Пет македонски и три странски екипи ќе учествуваат на ракометниот турнир во Струга

- Локални, Спорт
487

Oд 16-ти до 20-ти август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“  ќе се одржи 50-то, јубилејно издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.

Ќе играат пет македонски екипи и три од странство. Нашата земја ќе ја претставуваат екипите на Вардар, Е. Пелистер, Струга, Бутел Скопје и Алкалоид.

Своето учество го потврдија уште АЕК Атина од Грција, словенечкиот Целје и првакот на Словачка, Татран Прешов.

Минатата година трофејот го освои Вардар кој во финалето го совлада Е. Пелистер.

Strugaonline
фото: архива/Strugaonline

Facebook Коментари