Пријавувањето за детската трка во рамки на ,,Трка на поезијата“ започнува на 20-ти март

- Локални, Спорт
221
Tимот на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“ што годинава по трет пат ќе се одржи во Струга,  известува дека  оваа година најмладите  повторно ќе имаат можност да трчаат низ улиците во Струга под мотото „Трчаме, рецитираме“ .
,,Оваа година, еден ден пред главниот настан на 20.05.2023 година во сабота дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.,,-велат од ,,Трка на поезијата.“
Додаваат дека оваа година децата  ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (200м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (400м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (400м)
Регистрациите за детската трка ќе бидат отворени од 20-ти март до 05-ти мај на официјалниот сајт на трката (www.poetryrun.mk) , а бројот на учесници ќе биде ограничен за сите категории.

Facebook Коментари