Рамиз Мерко и официјално го доби мандатот за градоначалник на Струга

- Локални
1061

Претседателот на изборната комисија во Струга Бледар Зиба денеска официјално му го врачи мандатот на новиот градоначалник на општина Струга ,Г-дин Рамиз Мерко.

Мерко се заблагодари на поддршката која ја доби од граѓаните на Струга и вети дека ќе биде  градоначалник на сите граѓани без разлика на нивната политичка, верска и национална припадност . Тој исто така говореше за најголемиот проблем на Стружани, односно дивата депонија која создаде низа проблеми и во изминатиов период , а граѓаните преку протести бараа нејзина дислокација.

„Нас ни треба што побрзо дислокација на градската депонија. Во Македонија сите депонии се нелегални освен Дрисла која е само 25% легална. Како Министер уште од првата седница на владата иницирав наоѓање на решение за сметот , дивите депонии ќе припаѓаат во одговорност на владата. Ние поделивме средства за примарна селекција за градба на пункт, балирање и слично колку што можеме да се справиме со непредвидените состојби. Но, фирмата која ќе управува со оваа депонија сигурно ќе биде повнимателна бидејќи ние ќе го контролираме тоа во секое време.Сегашната ситуација ќе биде решена така што веќе го има проектот од Владата со доделувањето на 200 илјади евра да се направи пункт за примарна селекција, машини за балирање така што целиот смет да биде пренесен. Општината има веќе тендер за одржување на сегашната состојба и ќе делуваме тоа да почен наскоро, веднаш штом почне пунктот со работа. “ истакна Мерко.

Facebook Коментари