Спортски викенд со два порази и една убедлива победа за ЖКК Струга 2009

- Локални, Спорт
556

Сениорките и кадетките на ЖКК Струга 2009 изминатиов викенд беа поразени на гостински терен во Скопје од екипата на Бадел 1862, а а јуниорките беа подобри од битолски Пелистер.

Во рамките на сениорската лига, ЖКК Бадел 1862 славеше над ЖКК Струга 2009 со резултат 74:48. Најдобри во нашиот состав беа Чолакова со 16 поени, Зендели постигна 12, а Устијаноска 10. Кај домашната екипа најдобра беше македонската репрезентативка Кметовска со 28 поени.

„Задоволен сум од играта на мојата екипа и од отпорот кој го пружи против Бадел 1862. Ние сме една од најмладите екипи во лигата, со јуниорски состав настапивме во сениорска лига и секој ваков натпревар за нас е големо искуство и школа за понатаму.“ – вели за Strugaonline селекторот Владимир Ѓоровиќ.

Во рамки на кадетската лига ЖКК Бадел 1862 убедливо ја совлада нашата екипа со резултат 74:36, иако е тежок пораз, треба да се земе во предвид дека ЖКК Струга 2009 е во фаза на дополнување на екипата и се очекува понатаму да бидат подобри. Во овој натпревар најдобра во нашата екипа беше Вељановска со 15 поени, а кај домашните најефикасна беше Блажевска со 22 поени.

Во јуниорската лига ЖКК Струга 2009 славеше против ЖКК Пелистер со резултат 81;27. Во овој натпревар нашите кошаркарки беа апсолутни фаворити и тоа го оравдаа на очекување на познавачите и љубителите на женската кошарка. Можност да играат имаа и кошаркарки со помала минутажа. Селекторот Ѓоровиќ вели дека целта во оваа лига е освојување на шампионската титула. На овој натпревар, најдобри во нашата екипа беа: Чолакова со 18 поени, Зендели со 17 поени, а Укоска постигна 13. Кај гостите најдобра беше Ставреска со 1о поени.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари