Вечерва во Струга прв Меморијален турнир во кошарка „Здравко Танески-Здравче“

- Локални, Спорт
1047

Вечерва со почеток од 20:00 часот, во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга ќе се одржи првиот Меморијален турнир во кошарка „Здравко Танески-Здравче“. Целта на турнирот е да се зачува споменот за ликот и делото на Танески кој почина минатата година во декември, а стружани го знаат како поранешен кошаркар во клубот „Црн Дрим“-Струга и поранешен кошаркарски судија.

На турнирот ќе учествуваат неколку екипи од Струга и Охрид, а како поддршка, во чест на Здравко Танески, во Струга ќе дојдат и неколку екипи од други градови.

Strugaonline

Facebook Коментари