Вековната традиција за Велигден во Подгорци, продолжи и оваа година

- Локални
3821

Жителите на с.Подгорци се меѓу ретките христијани кои  је негуваат неколкувековната традиција да го слават Велигден со одење „с “крсти“ по синорот на селото Подгорци. Во трите дена на Христовотоо воскресение ,мештаните  прво одат во црква, а потоа на гробиштата да им оддадат почит на покојните претци, на блиските и пријателите. Задолжително ги посетуваат роднините и пријателите во селата за да го прослават Велигден.

Вториот ден Велигден, сите подгорчани предводени од свешетеникот во селото, Димче Павлески и најстарите жители – пензионери кои од  дворот на црквата „Свети Никола“ тргнуваат да се движат по синорот од атарот. Порано на секоја крајна точка од синорот свештеникот ги удирал децата „глава со глава“  за да го запаметат синорот со соседните села Вевчани и Лабуништа со кои селото граничи.

По враќањето од „скрсти“ поворката предводена од селскиот свештеник и пензионерите продолжува со обичаите како што се: носењето на црковниот Бајрак со Христоса на неколку места застануваат,(кај манастирот „Света Пречиста“,пред единствениот манастир во Македонија што го има само во Подгорци „Свети Јован Владими“ ,на „Рид“.) Потоа следува заедничко традиционално фотографирање, „Лекојта- вода “за починка со мало замезување и кршење со црвени јајца и по некоја голтка ракија, потоа пред да се вратат во црквата на местото викано „Симано“ задолжително кршење со јајца и мезе, а ( порано играње на селски игри и натпревари). Потоа подгорчани се прибираат секој дома за ручек бидејќи  тој ден Подгорци го слави Вториот ден Велигден и доаѓаат гости од другите села и градови.

Во мојот летопис се споменува дека тој ден младите девојки и момчиња се додворувале сред село. Првите вистински љубовни средби младите од селото и селата ги закажувале за Велигден. Додека постарите останувале на трпезата кај своите домаќини, младите оделе на „рандеву.“  На него доведувале и дискретна,но често и јавна „порота“од тетки,вујни,стрини за да кажат дали го бендисуваат нивниот избраник или да се бара ново чаре. Тие што се бендисале ,продолжувале со држење за рака. За Велигден бил најреволуционерниот љубовен потег пред венчавката, за што првиот бакнеж доаѓал дури по размената на прстените. Многу подгоречки   брачни  двојки заедничкиот живот го почнувале токлму од „Ориште“ на Велигден.

Оваа традиција во едноумието беше прекината и се одвиваше во ајатите на селската црква „Свети Никола“, но сега постепено се обновува.

     Со враќањето кон Црквата, верата и обичаиите, сигурни сме дека Велигден ќе се слави како некогаш. Тогаш сите биле среќни,  радосни и полни со желба за поведар живот. – велат старите подгорчани, сега пензионери.

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари