Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга ќе прослави 85 години постоење

- Локални, Спорт
975

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга се подготвува за претстојното одбележување на 85 години од нивното формирање. Долга традиција која заслужува почит. За таа цел се здружија и најстарите членови на овој клуб за да и дадат поддршка на веслачката младина во Струга.

Неслучајно, веслањето е еден од најстарите спортови кој се практикува и негува во нашиот град, а природата дала одлични услови за тоа.

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ е формиран на 1-ви јуни далечната 1933 година.

Strugaonline

фото: В.К Црн Дрим

 

Facebook Коментари