(ВИДЕО) Aнтонио Пејоски позната балада претвори во одлична рок песна!

- Локални, Музика
1308

Младиот и талентиран музичар од Струга, Антонио Пејоски, со ново музичко изненадување за своите фанови. Прекрасната балада „Draga, dodji kuci“ од Амадеус Бенд,  Пејоски ја претвори во одлчина рок тема со нов аранжман и одлична изведба благодарение на неговите гласовни способности.  Спотот го изработи Борче Димоски од Digital Box-Охрид, Младен Тодороски свири на клавијатури, Стефан Богатиноски на тапани, Христијан Миладнинов на гитара, а сите заедно направија музички производ кој предизвика одлични рекации кај публиката.

Антонио Пејоски до сега има четири свои авторски песни, многу cover- верзии на познати хитови, а своја нова авторска песна ќе промовира на пролет следната година.

Strugaonline

Facebook Коментари