Во тек е пријавувањето за третото издание на ,,Трка на поезијата“

- Локални, Спорт
524

Започна пријавувањето за третото издание на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“ што се одржува во Струга.

Трката ќе се одржи  на 21 мај 2023 година каде натпреварувачи во машка и женска конкуренција ќе се натпреваруваат во трки на 5 и 10 км, (рекреативна и професионална трка) ,а ќе има и детска тркка што за прв пат се одржа минатата година.

Под мотото ,,Трчаме , рецитираме“ Струга по трет пат ќе биде центар на спортските збиднувања.

Сите заинтересирани можат да се пријават електронски на официјалната страница на ,,Трка на поезијата“- www.poetryrun.mk

Оваа спортска манифестација уште од првото свое издание предизвика голем интерес, донесе во Струга познати спортски имиња, а и бројна публика која со голем интерес ги следи трките.

Strugaonline

Facebook Коментари