Започна 10-то издание на Охридскиот хорски фестивал

- Локални
900

Синоќа во хотелот „Инекс Горица“  свечено беше отворено десеттото, јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал.Во склоп на фестивалот, кој годинава ќе трае до 28-ми август ќе учествуваат 26 хорови од десет европски  земји .

Традиционално, хорскиот фестивал  и овој пат ќе има ревијален и натпреварувачки дел, поделен во неколку категории.

Концертите ќе се одржуваат во  Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“ и католичката црква Св. Кирил и Методиј, а влезот е слободен.

Во натпреварувачкиот дел, хоровите ќе ги оценува стручна жири комисија, составена од :Алицја Шелуга од Полска, Аљоша Новаковиќ од БиХ, Запро Запров од Македонија, Јасенка Остојиќ од Хрватска и Илија Рајковиќ од Србија.

извор:Strugaonline/Ohrid Choir Festival  

фото: Ohrid Choir Festival

 

Facebook Коментари