3 нови случаи на ковид 19, нема починати лица

- Здравје, Македонија
827
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје  –  3.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Facebook Коментари