Да му помогнеме на младиот Дарио од Кочани!

- Македонија
667

Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис – трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Секоја донирана сума е добредојдена бидејќи третманот треба да започне во септември и ќе биде од голема корист за него и неговото семејство.

Да донираме на 070 143-105 за корисници на Телеком и 143-461 за корисници на ВИП

Затоа семејството Павлови ги моли сите хумани граѓани колку се во можност да му помогнат на Дарио да ги собере потребните средства за лекувањето кое треба да му овозможи нормално да се движи и среќен да го продолжи детството.

Извор: Донации

фото: архива

Facebook Коментари