Дебарца со Еко-револуција ќе се бори против изградба на депонија

- Македонија
1000

Жителите на Дебрца јавно го искажуваат својот став против идејата за изградба на депонија на територијата на оваа општина.

За таа цел, тие формираа Координативното тело преку кое најавуваат дека ќе дејствуваат соодветно за  Дебрца да остане еколошки чиста и заштитена средина.

„Сакам да ги известам сите мои сограѓани, дека Координативното тело на Дебрца формирано со цел спречување на изградба на регионална депонија на територијата на општина Дебрца, ги интензивира своите активности, што значи дека ќе следи организирање и реализирање на проекти и настани со цел јавно да покажеме дека како жители на Дебрца, во координација со нашата локална самоуправа, сме решени да истраеме докрај во намерата Дебрца да остане еколошки чиста и заштитена средина, без можност за сквернавење на нејзината природна еко рамнотежа. Ги повикуваме сите жители на Дебрца како и сите кои потекнуваат од Дебрца, сите вљубеници на убавините на Охридското езеро, еколошки здруженија и сродни организации, пратениците на Републичкото собрание, советниците на општина Охрид, Градоначалникот на Охрид, сите стручни лица и релевантни институции, да се вклучат активно во овој процес на еколошка заштита на овој регион, а пред се во заштита на нашето здравје и нашите животи како и на нашите идни генерации. За сите наши чекори и предвидени активности, Координативното тело навремено ќе информира и повикува преку Славна Дебарца во Еко-Револуција Ве повикувам да го проширите овој  повик со цел за поширока и навремена информираност на сите заинтересирани.“ вели , Д-р Јадранка Бибан, Претседател на Координативното тело, на официјалниот профил на Facebook.

Strugaonline

Facebook Коментари