Дванаесет претстави се борат за шест главни награди на „Војдан Чернодрински 2017“

- Македонија
1168

52то изданине на Македонскиот филмски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе се одржи од 9-ти до 16-ти јуни, а за награди годинава ќе се борат 12 претстави. Во конкуренција се:„Тартиф“ од Молиер во режија на Галин Стоев во изведба на Македонскиот народен театар,  „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир во режија на Наташа Поплавска на Драмскиот театар-Скопје,„Трудна приказна“ на Благица Секуловска во режија на Лидија Дедовиќ на Театар Комедија од Скопје. Како и „Ана Комнена“ во режија на Ненад Витанов во изведба на Велешкиот театар, „Вечера на ронките“ во режија на Кендрим Ријани од Албанскиот театар-Скопје, „Отело“ на Шекспир во режија на Деан Пројковски на Турскиот театар-Скопје,„Лазаревото писмо“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски  на Народниот театар од Штип, „Злосторство и казна“ од Достоевски во режија  на Диего де Бреа на Народниот театар од Битола, „Џон Габриел Боркман“ во режија на Горан Тренчовски на Народниот театар од Струмица, „Хај Фај“ на Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи во изведба на Народниот театар од Куманово, „Аналфабет“ во режија на Горан Ризевски на Народниот театар од Охрид и „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска во изведба на Народниот театар од Прилеп.

12 претстави се борат за шесте главни награди на фестивалот: за најдобра машка и женска улога, за најдобар млад актер и актерка, режија како и највисоката гран-при награда на фестивалот – „Војдан Чернодрински“. За носител на наградата за животно дело е избран академик  Митко Маџунков.

 

 

Facebook Коментари