ФООМ и ЕВРОТИНК формираат фокус групи за важни прашања поврзани со енергетиката

- Македонија
953

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) и ЕВРОТИНК создават листа на потенцијални учесници во фокус групи за потребите на низа истражувања кои ги спроведуваат.

Во нивното соопштение  стои дека цеелта на фокус групите е да се споделат размислувањата на граѓаните за важни општествени прашања поврзани со енергетиката.

На фокус групата која ќе се одржи во Струга можност да се пријават имаат и лицата кои живеат во Охрид, Кичево и Битола. Исто така, за фокус групата која ќе се одржи во Струмица можност да се пријават имаат и лицата кои живеат во Штип, Гевгелија, Радовиш и Валандово. За патните трошоци лицата кои ќе доаѓаат од другите градови ќе добијат додатен паричен надомест во износ на повратен автобуски билет.

Ќе се одржат вкупно три фокус групи:

6 мај (вторник) во Струга со почеток во 18:00 часот

– 18 мај (четврток) во Скопје со почеток во 17:30 часот

– 19 мај (петок) во Струмица со почеток во 14:00 часот

-Дискусијата во рамките на фокус групите предвидено е да трае најмногу 2 часа. За сите останати детали учесниците ќе бидат известени на контакт телефонот кој го навеле во пријавата. Фокус групите ќе бидат организирани според темите, а граѓаните кои што ќе се пријават ќе бидат поканети за учество во дадена група според случаен избор.
За учеството во фокус групите за сите учесници ФООМ и ЕВРОТИНК имаат обезбедено подароци кои се во вредност од 600 денари, како и освежување.
Учеството е анонимно и од учесниците се очекува изреченото мислење во фокус групите да не го споделуваат надвор од нив.
Апликантите треба:
Да се на возраст постари од 18 години.
Да ги пополнат сите полиња во пријавата. Системот не прифаќа нецелосни пријави. – се додава во соопштението на ФООМ и ЕВРОТИНК .

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат апликацијата можат да ја надат на овој линк.

 

Facebook Коментари