Координативното тело со детали за неделниот протест против изградба на депонија во Дебрца

- Македонија
877

Претставници на Координативното тело на општина Дебрца, формирано за да се спречи изградбата на регионална депонија во селото Годивје, утре на прес конференција ќе ги соопшти деталите во пресрет на најавениот протест закажан за во недела.

– Координативното тело, составено од претставници на сите месни заедници на општината има за цел да се спречи реализацијата на проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на Република Македонија, во општина Дебрца, односно во атарот на селото Годивје, информираат организаторите.

Пред присутните ќе се обрати Д-р Јадранка Бибан.

Големиот протест во знак на протест поради изградбата на регионална депонија во селото Годивје ќе се одржи во недела, 22-ри април 2018 година, во атарот на селото Ботун.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари