Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски шампионски пречекан во Скопје

- Македонија, Спорт
658

22 годишниот таеквондист Дејан Георгиевски од клубот Бутел од Скопје, вети медал на Олимпијадата во Токио и се врати со него на градите, а неговите фанови му возвратија и го пречекаа во солидна бројка на пеколното време. Ова се историски моменти за македонскиот спорт.

Георгиевски сребрениот медал од ЛОИ го донесе во Македонија и стана спортист со најголем олимписки успех од независноста на Македонија.

И како што е редот тој беше пречекан на плоштад на шампионски начин со аплаузи, овации, факели, химни, а претходно помина и низ триумфалната капија.

Facebook Коментари