Се одржа 22-та „Златна Бубамара на популарноста“ -ова се дел од наградените

- Забава, Македонија
939

ВИП-арената „Борис Трајковски“ синоќа полна  до последното седиште и до последниот слободен простор. И овогодишната 22. Златна Бубамара на популарноста беше на висина на задачата.

Мега-настанот на годината и овој пат во публиката ги собра естрадните лица, политичарите, актерите, пејачите, новинарите. И на сцената естрадни уметници, музичари, актери и пејачи во најголемото шоу што ги сумира, низ смеа, сатира и музика, врвните достигнувања на минатата – 2018 година.

Традиционално, и годинава водител на манифестацијата беше актерот Сашко Коцев.

Помеѓу најдобрите за минатата година се најде и 12-годишниот Марко Пејчиновски од Охрид кој доби „Златна бубамара“ за спортски подвиг, Пејчиновски доби и огромен аплауз од публиката, бидејќи неговиот подвиг и понатаму преидзвикува воодушевување кај сите. Наградата за трајни музички вредности ја доби Мики Јовановски Џафер

Меѓу музичарите настапи и хрватскиот пејач Петар Грашо, кој ja изведе негова песна „Aко те питају“  како и големиот хит „Цесарица“ на Oливер Драгоевиќ.

Влатко Стефановски доби  две наради – за најдобар албум „Мајчин јазик“ и најдобар концерт. Стефаноски имаше настап за паметење Во придружба на неговиот син Јан, и академскиот хор „Мирче Ацев“ ја изведе „Учи ме мајко, карај ме“.  Двете награди ги посвети на неговата почината сопруга Гордана и  братот Горан, кој почина неодамна.

Ова се само дел од наградените, а сите кои немаа можност да ја проследат 22-та Златна бубамара во живо, истата ќе можат да ја гледаат во недела во 20:00 часот на Канал 5

Извор и фото: Златна Бубамара на популарноста

Facebook Коментари